ВМРО-ДПМНЕ: Османи поклонува 1.8 милиони евра државни пари на најголемиот донатор на ДУИ
Најголемиот донатор на ДУИ, фирмата Еуровиа ДООЕЛ на поклон од Бујар Османи ќе добие 1.8 милиони евра државни пари.
1.8 милиони евра преку МНР, Бујар Османи му дава на внукот на Абдулаќим Адеми, Елмедин Адеми преку фирмата Еуровиа ДООЕЛ, за адаптација на спортскиот центар Борис Трајковски.
Според податоците од Бирото за јавни набавки за само една година, од 2021 до 2022 има пораст од над 100% односно приходот во 2021 година изнесувал 7,4 милиони евра, а веќе следната година скоро 15 милиони евра.
Додека во дел на профитот, состојбата на фирмата на Елмедин Адеми, исто така оди во нагорна линија, особено во последните две години, односно профитот во 2021 година бил 576 илјади евра, а веќе во 2022 година 787 илјади евра.
И додека Елмедин Адеми зема народни пари, Бујар Османи се прави наудрен, знаел дека Адеми и фирмата Еуровиа ДООЕЛ дека се најголеми донатори на ДУИ, па потоа не знаел.
Наместо Османи да лаже и да се заплеткува во сопствените лаги, веднаш да го раскине договорот.
Времето на крадење на Османи и ДУИ завршува!
Следува одговорност и ревизија на сите криминални тендери на ДУИ поддржани од СДС.
Секој денар кој што го украл ДУИ и СДС ќе биде вратен назад кај граѓаните
ДУИзацијата на државата набрзо ќе заврши.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Без новиот Закон за заштита на конкуренцијата ќе нема кој да контролира трговци
-
Љутков: Изградбата на Универзална е стопирана, бидејќи не се знае во чие владение е салата, следуваат кривични пријави
-
Вреди задоволни што сработиле во првите 100 дена во Владата на Мицкоски
-
Анкета на Мкд.мк: Рејтингот на власта расте, но корупцијата се уште е најголем проблем
-
Лани околу 9000 пациенти во Македонија починале од кардиоваскуларни заболувања
-
Околу два милиони денари од хуманитарниот пикник на Алкалоид за СОС Детско село
-
Непалците ја користат нашата држава како попатна станица кон Европа
-
Од 30-ти септември до 2-ри октомври „Денови на модата“ во Штип