Македонија
28. January 2017 - 18:29

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинувањата за Скупи се манипулација

ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната прес-конференција на Роберт Алаѓозовски од СДСМ оценува дека неговите обвинувања се лаги и манипулации.

Во реакцијата се наведува дека обидите на Алаѓозовски за политизирање на прашањата од културата се навреда за граѓаните и за стручната јавност.

- Тој покажува елементарно непознавање на фунционирањето на државните институции и легислативата за темата за која зборува. Обидите на некомпететниот Алаѓозовски за политизирање на темата култура се навреда и за граѓаните, но пред се на стручната јавност кои со години наназад се вклучени и посветено работат на локалитетот Скупи, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција.