Македонија
11. March 2021 - 9:08

ВМРО-ДПМНЕ: На родилка и беа извадени три здрави органи, а на Филипче ич не му е гајле

Венко Филипче воопшто не се грижи за здравјето на граѓаните. 

Единствено му е важно да си ги реализира своите и партиските интереси, а не да си ја заработи платата. 

На родилка и беа извадени три здрави органи, а на Филипче ич не му е гајле. 

Филипче само вели „стигна извештајот од Лекарската комора не нашле пропуст при стручниот надзор“. 

И толку, понатаму Филипче ништо не го интересира. 

Филипче вели дека му треба време да размисли за разрешување на докторот директор?! Какво размислување, тој доктор директор осакатил жена и и извадил три здрави органи.

Точно дека во ваков случај постапуваат надлежните институции, но Филипче мора да делува, мора да побара политичка одговорност. Делото го направил  доктор кој е воедно директор на Болницата во Струга. 

Никој не смее така да постапува, најмалку директор, ама министерот мора да делува. 

Кога министерот не делува, и тој треба да сноси одговорност!

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ