ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за култура продолжува со нестручно работење и партизација на културата
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Министерството за култура продолжува со нестручното работење и партизација на културата во Македонија.
Марјан Додовски на прес-конференција денеска рече дека партискиот реваншизам и политиките на чистки се подигнуваат на едно сосема ново ниво. - Покрај, како што истакна, живите луѓе кои најавија дека ќе ги јадат, сега решија да се пресметуваат и со неживите, односно со спомениците.
Тој додаде дека во новоназначениот Совет за култура министерот Алаѓозовски поставил изразито партиски и соросови кадри чија единствена цел ќе е да ги промовираат личните фрустрации на поединци како научно мислење на стручните фели.
- Од советот во кој членуваат луѓе како Ѓунер Исмаил, Владимир Милчин, Мирослав Грчев не може да се очекува ништо повеќе од опасните и штетни агресивни најави и закани дека спомениците на културата ќе бидат „новата суровина за металуршката индустрија“, рече Додовски.
Посочувајќи на изјави дадени од членовите на новиот Совет рече дека во македонската култура нема и не смее да има простор за варваризам.
Ги посочи за споредба имињата на оние кои членувале во советот за култура за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ: академикот Цветан Грозданов, режисерот и професор Љубиша Георгиевски, познатите Оливер Белопета, Раде Силјан, Ацо Станковски, диригентот Борјан Цанев. Членови беа и професорот Митко Хаџи-Пуља и Милчо Манчевски.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители