ВМРО-ДПМНЕ: Милевски си ја третира партијата како гранапче, затоа молчи за криминалот на СДСМ и ДУИ
Милевски си ја третира партијата како гранапче, затоа молчи за криминалот на СДСМ и ДУИ.
Дури и членови на ЛДП преку медиумите обвинуваат дека Милевски откако е министер си ја вработил сопругата на Клиника, додека баџанакот го поставил за директор во Државна Лотарија.
Милевски има вработено свој братучед во Државната видео лотарија, а кумашинот во Идризово, додека кумашинката си ја вработил во министерството за локална самоуправа.
Дали Милевски преку ЛДП ја поддржува мафијашката влада на СДСМ - ДУИ, за да си ги вработува роднините во администрација?
Владата на СДСМ и ДУИ опстојува само затоа што Горан Милевски издејствувал министерско место за себе и вработување во државни институции на свои најблиски роднини.
Горан Милевски ја држи партијата во заложништво и за свој личен и семеен интерес ја поддржува криминалната коалиција СДСМ - ДУИ заради кои сме на 111 место на листата на Транспаренси, заради кои за партизираност и не ефективна администрација не обвинува и Стејт Департментот.
Дали пратениците од ЛДП ќе смогнат сили и ќе му кажат не на Милевски и неговиот непотизам, заради кој владее мафијата на СДСМ и ДУИ?
ВМРО-ДПМНЕ е спремна на избори без техничка влада и една изборна единица, што е главно барање на помалите партии помеѓу кои и ЛДП, еве условите ќе бидат исполнети. Нека смогнат сили пратениците на ЛДП, да изгласаме промени во изборниот законик за една изборна единица, а потоа да одиме на брзи предвремени избори, или ќе останат да му слугуваат на Милевски и неговите роднини?!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари