Македонија
3. November 2016 - 18:35

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија во редот на земјите во Европа со најниска цена на струјата

Во соопштенијата на СДСМ повторно има наизменична струја, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ за соопштението на опозициската партија за цената на струјата.

СДСМ, како што стои во соопштението, денеска се согласуваат дека се инвестирале повеќе од милијарда евра во минатите 10 години, но партијата нема проблем да менува ставови за 180 степени. 

Фактите според ВМРО-ДПМНЕ се дека Македонија е во редот на земјите во Европа со најниска цена на струјата, што го потврдуваат сите релевантни субјекти за статистика во регионот и пошироко.

- Увозот е поголем поради чинителите на слободниот пазар за електрична енергија кои сами си набавуваат струја. Во бројката со која СДСМ манипулира и лаже влегуваат и оние количини струја што големите индустриски капацитети повеќе од осум години самостојно ги набавуваат на слободниот пазар, стои во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ не може да прифати и дека граѓаните не им ги купуваат лагите кои ги расфрла секој ден, но волјата на народот не зависи од тоа што СДСМ може или не може да прифати.