Македонија
4. August 2018 - 11:05

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија тоне на секое поле, а членството во ЕУ и НАТО е се по далечно

Неспособноста на владата на Заев и СДСМ не може ниту еден капитулантски чин да ја сокрие.

Не може од народот СДСМ да го сокрие фактот дека ја зароби Република Македонија. Зоран Заев државата ја врати 20 години назад, во мрачните времиња на транзиција.

Заев и СДСМ се причината за крах на целата држава. Македонија тоне на секое поле, а членството во ЕУ и НАТО е се по далечно.

За најважното прашање од кое зависи македонскиот идентитет, историја, традиција и култура, не беше консултирана опозицијата. СДСМ ја погреба демократијата во Македонија.

Единствените кои ја попречуваат европската иднина на граѓаните се Зоран Заев и СДСМ.

Досегашното нивно владеење не донесе ништо освен корупција, криминал, неспособност и партизација на институциите и судството.

Колку порано падне оваа капитуланска власт толку подобро за граѓаните на Република Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ