Македонија
21. March 2020 - 11:49

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија додека се соочува со коронавирусот, власта продолжува да собира политички поени

Македонија додека се соочува со Корона вирусот, власта продолжува да собира политички поени.

Кога станува збор за здравјето на граѓаните не смее да има никакви калкулации, политиканство или делување само заради задоволување на суета.

Наместо власта да води пи-ар стратегии, време е да се фати за работа.

ВМРО-ДПМНЕ предлага итно замрзнување на обврските на компаниите кон државата чија што работа е поврзана или е погодена со ситуацијата. Предлагаме и итно замрзнување на обврските за компаниите кон банките и заемодавателите, најмалку за месец март а доколку е потребно и кризата продолжи, и за месец април

ВМРО-ДПМНЕ предлага државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите кои што се погодени во висина од 50% од вкупниот трошок за вработените, односно 50% од бруто плата.

Потребно е да се направи анализа на сето она што се случува во моментот, кои сектори и компании се погодени и на истите да им се исплати државна помош во форма на субвенции.

Економијата и здравството се главните постулати врз кои се темели секоја држава.

Граѓаните се пред и над се.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ