Македонија
17. May 2021 - 9:40

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска која ги штити фирмите на Заеви, Филипче кој во пандемија се фати за провизии не се нови ликови

Сања Лукаревска која ги штити фирмите на Заеви, Николовски која наместо криминал брка путер и Филипче кој во пандемија се фати за провизии не се нови луѓе.

Фирмите на Заеви секој квартал се во врвот на листата на должници за ДДВ, и не видовме ниту слушнавме за некоја акција од УЈП. Тоа е Сања Лукаревска извршител на Заев.

Љупчо Николовски не се пронајде на ниту едно место. Земјоделието го упропасти, па смислија нова функција, каде наместо криминал брка путер.

Венко Филипче од добар лекар се сведе на потрчко на Заев. Наместо да брка вакцини, тој во сред пандемија бркаше провизии.

Битиќи не донесе ниту една инвестиција. Имаме 6.200 затворени фирми и 60.000 останати без работа.

Царовска тера инает со цела држава. Спротивно на волјата на учениците, родителите и наставниците турка проект од кој корист ќе имаат само тие што ќе ги прават набавки и никој друг.

СДСМ е истото старо транзиционо лице. На чело со стариот Заев.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ