ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да говори за справување со загадувањето
ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ да знаеле како да се справат со загадувањето тоа ќе го направеле во Куманово каде, како што велат од партијата, 27 години ја имаат локалната власт, а не е подобра и состојбата и во Струмица.
- Токму овие градови се едни од најзагадените во Македонија. Во Куманово на пример, СДСМ систематски кумуваше на сообраќајниот и урбанистички хаос и депониите кои секој ден се појавуваа среде град кои придонесуваат за загаденоста. Како што гледаме СДСМ и локалната власт во овој град не мрднаа со мал прст, затоа што не знаат и немаат конкретни решенија и мерки, се вели во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на соопштението на СДСМ во врска со квалитетот на воздухот.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека СДСМ лицемерно зборува за квалитетот на воздухот и за некаква наводна гасификација која ќе ја правеле по теркот на Струмица и Куманово, кога, како што потенцираат во соопштението, во овие два града постои само фиктивна гасификација од која граѓаните немаат никаков бенефит, нема поквалитетен воздух, туку само се злоупотребува за лични богатења на партиски функционери.
- Проблемот со квалитетот на воздухот се решава со мноштво мерки кои СДСМ нема капацитет да ги спроведе ниту на локално, а камоли на централно ниво, потенцира ВМРО-ДПМНЕ во соопштението. сст/паг/15:59
Ново на Сител
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија