ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да говори за безбедност на граѓаните
Крајно лицемерно и потценувачки за граѓаните е СДСМ да говори за безбедност на граѓаните, за борба со криминалот, достоинство на полицијата, се вели во пишаната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Оливер Спасовски.
Од оваа партија му забележуваат на Спасовски за селфи фотографии утрешниот ден на самото место кај што гинеа македонските бранители во Диво Насеље, како и за неговото учество на протест наспроти сопствената полиција и институции, дека грубо го партизирал МВР со цел да вработи некомпентентни партиски кадри на места на професионалци, дека организирал масивна акција на специјалците во Липковско од која немаше ниту резултат, ниту уапсени, туку само исплашени граѓани и вознемирена јавност.
Од ВМРО-ДПМНЕ, неѓу другото, посочуваат и дека тој ги измислил наводните афери со лични карти и возачки дозволи кои потоа биле демантирани на штета на угледот на МВР и на државата.
- Оливер Спасовски на 5 јуни ќе може добро да се увери што мисли народот за оваа негова хипокризија и безобразие. А потоа, јасно ќе види што значи достоинство, професионалност и функционални институции за борба против организираниот криминал, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност