ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи закон за ваучери за компјутери за студенти
ВМРО-ДПМНЕ најави дека во Собранието на Република Македонија ќе поднесат предлог-закон за издавање вредносни бонови – ваучери за студенти за обезбедување компјутери.
Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција рече дека предлагаат ваучерите да бидат наменети за редовни студенти од семејства во кои месечните приходи не го надминуваат износот од две просечни месечни нето плати, односно 45.344 денари нето приход и кои првпат се запишани во трета и четврта година на студии на високообразовните установи во Република Македонија.
Дополнително во предлог-законот се предвидуваат ваучери и за студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби, а се запишани во која било година на студии во Македонија.
- На овој начин пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ја продолжуваат грижата за студентите и нивните потреби. Преку овој предлог закон ќе придонесеме за развојот на високото образованието во сферата на информатичките технологии. Се надеваме дека СДС ќе се однесува зрело и ќе го прифати овој предлог закон со цел подобрување на условите за студирање на студентите, рече Данев.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто