Македонија
24. September 2019 - 13:39

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева, Боки 13 и Зоки Кичеец не се сами

Катица Јанева, Боки 13 и Зоки Кичеец, единствените осомничени за „Рекет“не се сами и не можат да изнудат ни 20 евра, а не пак 20  милиони евра доколку ја немаат поддршката од Заев, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Рускоска срамно ја затвори истрагата само со овие осомничени и со сите нејзини дејствија само ги штитела сите оние ки во јавноста се споменуваат Фрики, Кики, Раки... Постојат индиции дека се пазарат и со некои од обвинетите да не ја откриваат целата мрежа, вели Димче Арсовски,потпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Во однос на сведочењето на Верушевски, од опозициската партија велат дека со години наназад предупредувале дека Заев е подготвен на се само да дојде на власт, а овој свеодк тоа го потврдува. 

Катерина Нешкова