Македонија
27. May 2016 - 20:47

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на претседателот Иванов

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека ја поздравува одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ја искористи можноста предвидена во Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување.

- ВМРО-ДПМНЕ беше прва партија која јавно излезе со став дека одлуката за аболиција не е во согласност со нашите политики. ВМРО-ДПМНЕ прва предложи четворицата лидери на најголемите политички партии да упатат писмо до претседателот Иванов за да ја преиспита претходно донесената одлука, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Цениме,  се наведува, дека со денешниот чин се дава можност во правниот систем да се докаже целата конструкција на Зоран Заев против партиските членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ.