Македонија
22. September 2017 - 9:19

ВМРО-ДПМНЕ ја критикува СДСМ за здравствениот систем

СДС за три и пол месеци откако е на власт нема направено буквално ништо во македонскиот здравствен систем, од кое граѓаните би имале некаква корист.

СДС и Зоран Заев свесно ја прекинаа изградбата на клиничкиот центар, еден од поголемите капитални проекти во здравството, за кои ВМРО-ДПМНЕ обезбеди средства од Европската централна банка.

Се беше подготвено само да се почне да се гради, беше изработен проект, беа обезбедени средства. Но, СДС и Зоран Заев го попречија и го блокираа и овој проект нанесувајќи огромна штета на граѓаните.

Недозволиво и неодговорно е да се оспорува еден готов проект кој чини 70 милиони евра, за да најави нов за чија реализација ќе треба да се чека најмалку десет години.

Ова е уште еден доказ дека владата на СДС и Заев не работи буквално ништо. За три и пол месеци граѓаните од владата на Заев и СДС не видоа ниту еден единствен реален проект за подобрување и подигнување на квалитетот и стандардот во македонското здравство, освен креирање на лудило, хаос и безредие.

Граѓаните на локалните избори на 15-ти октомври ќе го казнат Зоран Заев и неговото расипничко владеење. Граѓаните никогаш повеќе нема да дозволат да им се случи Заев и СДС.