Македонија
29. March 2020 - 14:27

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно се обвинуваат за начинот во справувањето со економската криза предизвикана од корона

Кој политички профитира од ситуацијата со корнавирусот власта или опозицијата? Чии мерки се подобри и кој всушност прави нешто за справување со економската криза со која се соочуваме поради КОВИД 19? СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и денеска во меѓусебни препукувања.

Од власта обивнуваат дека опозцијата не понудила конкретни мерки и дека ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер се обидуваат да шират паника, со цел полилитички да профитираат.

 Токму вчера имаше Економскиот совет на Владата, предводен од премиерот Спасовски, во кои претставниците на опозицијата и дополнителната заменик министерка Кочовска и нивниот претставник Трајко Славевски можеа да ги понудат сите предлози кои ги има опозицијата по однос на решавање на овие заеднички проблеми. Но тоа не се случило.Ги имаме примерите од шпекулациите поврзани со банкарскиот сектор, ги имаме предлозите од потребата за отворање на државните финансиски резерви и сите подобро запознаени во оваа проблематика се свесни дека станува збор за најголемото богатство кои го има оваа држава кои ги дава финансиските гаранции и кон банките во државата меѓутоа и во однос на задолжувањата на државата пред странските кредитори.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дека нивните претставници во Владата се со врзани рааце, а нивните предлози јавно ги обајвуваат секојдневно.

 Ние секој ден имаме прес конференции и преку медиумите инсистираме да се слушнат нашите барања односно нашите предлози за економските мерки, затоа што сакаме да им помогнеме на граѓаните и на државата. Еве и оваа нова иницијатива, ги повикувам сите да ни се приклучат да дадат предлози за да си помогнеме едни на други. Ние како опозиција сме тука за да помогнеме, нашите технички министри се за жал скратени права, немаат доволно можност да се произнесат, ниту се прифаќаат нивните иницијативи. Јас велам овој пат сите да бидеме над партиските работи и над ситуацијата и да си помогнеме едни со други, затоа што во овој момент не се важни партиските работи, важни се граѓаните

Опозициската партија промовираше иницијатива „Затоа што ја сакам Македонија“ за граѓаните преку електронска пошта ќе можат да ги даваат своите предлози или мислења, по што ќе партијата ќе понуди решенија за проблемите до надлежните институции.