ВМРО-ДПМНЕ: И петтиот пакет мерки е неразвоен и крпи дупки
И петтиот пакет на мерки на владата е неразвоен, крпи дупки и служи само за поткуп на гласачи пред избори.
Вчерашните мерки на Заев не го помагаат бизнисот, и не отвораат нови работни места, дури не помагаат ни за задржување на актуелните вработени во фирмите, резултатот и до сега го гледаме над 55.000 луѓе изгубиле работа.
Мерките на Заев не го помагаат ниту граѓанинот, туку само служат за поткуп во форма на еднократна помош.
Заев мерките ги претставува како милостиња, а не како обврска.
И додека Заев се обидува да манипулира со граѓаните, во Британија владата обезбедила 1.000.000 лаптопи и таблети за учениците. Кај нас ни трага ни глас од помош за најмалите.
Со Заев имаме само уназадување.
На удар е целата економија, само фирмите на Заеви вртат милиони.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти