ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните станаа граѓани од втор ред, а елитата на власт користи секакви привилегии
Апсолутната неспособност и неодговорност на Мила Царовска создаде целосен хаос во образованието. Учебната година на Царовска како министер ај што почна со доцнење од еден месец, ај што немаше ништо од помпезно најавуваната национална платформа за онлајн учење, ај што ги лажеше граѓаните за наводен фински концепт за да го оправда укинувањето на историјата како посебен предмет, ај што диктаторски се обидува да наметне антиреформи и измени на закони, спротивно на мислењето на јавноста и експертите, на крајот на годината и се случи најголемиот скандал.
Имено оваа година наместо во јуни свидетелства ќе се делат до почетокот на идната учебна година. Како ја почна учебната година, Царовска така и ја заврши, со тотален дебакл.
Да биде скандалот поголем дел од училиштата им наплаќале да учениците за свидетелства, што е спротивно на законот кој предвидува бесплатно основно и средно образование и покажува дека некој прави бизнис на сета мака на учениците и родителите кои ја видоа оваа година со неспособната власт на Заев и катастрофалната Царовска.
Нема свидетелства, нема пасоши, нема регистарски таблици, нема возачки дозволи, нема ништо за граѓаните. Граѓаните станаа граѓани од втор ред, а елитата на власт користи секакви привилегии. Тоа мора да престане, мора да победи концептот Македонија за сите луѓе, а ликовите како Заев и Царовска да понесат одговорност за своите политики.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Најголема излезност во Карпош: Пресек на излезеноста во скопските општини до 17 часот
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64