ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро
Македонската економија е пред тотален колапс.
Економијата во Република Македонија e жртва на криминалот и корупцијата на власта предводена од Заев.
Во моментов во земјава има повеќе од 500.000 граѓани кои што живеат во сиромаштија.
Граѓаните не можат да си дозволат да отидат на годишен одмор, а повеќе од 80 проценти од нив размислуваат и бараат начин како да ја напуштат земјава.
Нивото на реализација на капиталните инвестиции за првите 6 месеци е под 20 проценти, ова е доказ дека Владата на Заев не работи ништо.
Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро. Заслужуваат држава во која ќе имаа пристоен живот за нив и нивните најблиски, држава во која нема да бидат принудени да размислуваат како ќе го поминат месецот.
На Македонија и е потребна промена, време е да се стави крај на криминалната транзиција и транзиционите политичари. Време е за успешна и економски силна Република Македонија.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор