Македонија
6. March 2017 - 16:36

ВМРО-ДПМНЕ е за двојни избори, СДСМ моли кај ДУИ да се одложат, ДУИ менува ставови како Зоран Заев, а БЕСА и Алијансата сакаат во мај

Локалните избори најверојатно нема да се одржат во првата половина на мај, како што предвидува изборниот закони. Денеска на полноќ истекува последниот рок за распишување на изборите според кој тие можат да се одржат во овој рок. До собранието ниту една партија, ниту пак некој пратеник не поднел барање за свикување седница. Тоа практично значи локалните избори сега влегуваат во новите комбинаторики на политичките партии.

Според одредбите од изборниот законик, двата дамтуми од првата половина на мај се 7 и 17 мај, за да може да има избори на 14 мај, тие мора да бидат распишани денеска, за да се запзи уставниот рок од најмалку 70 дена пред одржувањето на изборите.

Одложувањето на локалните избори како опција денеска го навести и тетута Арифи од ДУИ. По средбата со евроамбасадото Жбогар, Арифи вели дека иако ДУИ не е зџа одлагање на изборите, сепак како што стојат работите по се изгледа тие ќе бидат одложени.

Во јавноста се уште има дилема кој да ги распише изборите, бидејќи со Уставот предвидел дека претстедателот на Собранието распишува Парламентари и избори за претседател на Државата.

Од друга страна пак изборниот законик предвидува дека распишувањето на сите избори го прави престедателот на парламентот. Таа одредба е преточена од поранешниот закон за локани избори во кој исто така било предвидено дека нив ги распишува претседателот на парламентот.

Но токму претстедателот на парламентот е другиот проблем. Новиот состав на Паралемнтот се уште нема избрано прв човек.

Политичките партии различно гелдаат на излезот од ситуацијата. За СДСМ излез е добивамње мандат од Иванов за состав на нова влада, за ВМРО ДПМНЕ пак излезот е во нови парламентарни избори, кои би се одржале заедно со локалните.