ВМРО-ДПМНЕ: Државава е шампион по корупција, Љупчо Николовски е заштитник на криминалот на Заев
Македонија е европски првак во криминал и корупција, а миленикот на Зоран Заев, министерот кој ги штити криминалот и корупцјата на власта, Љупчо Николовски е најодговорен за катастрофата во сите меѓународни извештаи.
Секојдневните скандали на власта за криминал на нивни блиски луѓе, секојдневните наместени тендери од државните институциите ја однесоа Македонија на дното на извештајот на Транспаренси интернешанл, поточно на 111-то место.
Токму заради невладеењето на правото и селективната правда, како и за политичките прогони на власта реномираниот Економист ја рангираше Македонија како Хибриден режим.
Криминалните тендери во здравството кои беа директно поврзани со најнеспособниот министер Венко Филипче остаанаа затворени во фиока и немаше никаква постапка од страна на ДКСК или Николовски.
Јавноста беше сведок на целосното заскривување на случаите Серхемс и Леонардо на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашкоски, каде сите слушнаа како Рашкоски бара провизии за да го намести тендерот.
Никаква разрешница не видовме ниту за злоупотреба на европските пари, за тренирање на магариња, или илјадници евра дадени на флизерски салон.
Нема никаква постапка ниту за наместените лиценци за марихуана, ниту за Ден Дончев, ниту за Рекет.
Ова се причините за коруптивната жива кал во која не доведе Зоран Заев и неговиот пулен Љупчо Николовски. Затоа, Македонија наместо да е во друштво со сите европски држави ние сме во друштво со диктатури и нефункционални држави.
Николовски треба да си даде оставка, веднаш. Одговорност мора да има.
За сите овие понижувања и деградирања, за многу скоро ќе има одговорност. На наредните предвремени парламентарни избори граѓаните ќе ги казнат овие криминалци, како Зоран Заев и Љупчо Николовски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка