ВМРО-ДПМНЕ: Долгот достигна 7,4 милијарди евра, катастрофа во секој економски параметар
Власта на Заев поради арамилукот и неодговорноста го искачи долгот на рекорден износ.
Заклучно со вториот квартал долгот достигна запрепастувачки 7,4 милијарди евра
Ова значи дека долгот веќе е 64,4% од БДП или над мастришките критериуми.
Застрашувачки е што само во последните три месеци долгот е зголемен за 213 милиони евра.
Или ако се пресмета долгот креиран во првите 6 месеци од 2021 , тогаш власта на Заев ја задолжила Македонија за 904 милиони евра нов долг.
Во овие 4 години власт на Заев вкупно долгот е зголемен за цели 2,7 милијарди евра, или во просек власта ја задолжувала државата по 1,9 милиони евра дневно.
Да биде полошо власта на Заев за догодина планира долгот да го искачи најмалку на 8,5 милијарди евра според планот или во превод секое семејство да го задолжат во просек по 17.000 евра.
Катастрофално во секој поглед, во секој параметар, во секоја бројка.
Власта на Заев освен создавање долгови ништо не направи. Бруцош од економскиот факултет со два положени испити подобро ќе ја согледаше економската состојба од Заев. Власта само се задолжува, нема капитални инвестиции, никој не знае каде одат парите.
Власта ќе одговара за ова недомаќинско работење како и за криминалот и корупцијата кои ја уништија државата. Концептот Македонија за сите луѓе го ќе победи концептот на Заев базиран на поделби, криминал и корупција.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца