ВМРО-ДПМНЕ: Димитров е министерот во чие министерување се смени името и се тргува со идентитетот, затоа им гори под нозе
СДСМ сака брзи избори по цена на здравјето на граѓаните. СДСМ ја интересира само власт, а не здравјето на граѓаните. Јасно ли му е на СДСМ дека во вакви услови, во услови кога секој ден има новозаболени, а има и починати, граѓаните се загрижени за своето здравје, а исто така се заинтересирани и како ќе преживеат зошто допрва ќе се гледаат економските последици од корона кризата.
Јасно е дека ниту државата се справува со епидемијата, ниту со економските последици.
Како мисли СДСМ дека со брзи избори ќе се воспостават легитимни и функционални институции?!
Како тоа Никола Димитров и Мила Царовска им кажуваат на граѓаните дека треба да одат да гласаат кога тие се загрижени за своето здравје.
Димитров е министерот во чие министерување се смени името и се тргува со идентитетот. Затоа им гори под нозете.
И како тоа велат дека имаат почит кон здравствените работните? Тие ги излажаа здравствените работници на кои им ветуваа плата од 100 илјади денари и ги излажаа.
СДСМ прво нека ја извади главата од песок, нека ги стави граѓаните и нивното здравје на прво место, а не политиката и функциите.
СДСМ покажа само неспособност за справување со корона вирусот и последиците од него.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид