ВМРО-ДПМНЕ: Царовска на сила сака да се донесе закон кој е на штета на образовниот процес
Мила Царовска продолжува да оди со глава во ѕид со Концепцијата за реформа во основното образование. Секојдневните реакции и негодувања од родителите и од учениците за воведувањето само на електронски учебници не допираат до Царовска.
Арогантност, насилие и изгубеност од реалноста од страна на Мила Царовска и мафијата на власт при носењето и на овој закон со кои губат учениците, иднината на оваа држава.
Царовска го заборава на фактот дека над 25 илјади деца немаат компјутер и нема да можат да се образуваат преку таканаречените интерактивни електронски учебници. Ова ќе предизвика социјална нееднаквост и дискриминација на над 25 илјади деца во државата.
Туркањето на овој закон со европско знаменце, ја покажува целосната одлепеност и не грижа од страна на Царовска и Заев кон учениците, родителите и наставниците.
Наместо Концепцијата за реформа во основно образование Царовска да ја спроведе по секоја цена, треба да одговори на неколку прашања.
Дали зад овој проект на дигитализација на учебници во основното образование не се работи за проект вреден 120 милиони евра, буџетски пари?
Дали овие 120 милиони евра треба да ги добие фирма од Хрватска?
Царовска мора да каже дали за овој неразумен зафат, ќе биде потребен ангажман на бројни невладини организации, надворешни советници и соработници, избрани без познати критериуми?
Укинување на печатените учебници нема ниту во една европска држава, ама за тоа министерката сака да направи експеримент врз образовниот процес вреден над 120 милиони евра.
Време е Мила Царовска од светот на нејзината замисла да се врати во реалноста на сопствената држава. Тоа би било во корист на учениците и знаењето. На учениците им се потребни нови и модерни печатени учебници, како и електронски помогала во нивниот образовниот развој.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.