Македонија
4. September 2021 - 9:00

ВМРО-ДПМНЕ: Богоев да постапи по закон и да ја сруши зградата дивоградба на Шилегов

Богоев да постапи по закон и да ја сруши зградата дивоградба на Шилегов.

Зградата на Шилегов во Карпош е дивоградба. Цели два ката од зградата  се вон ДУП.

Општина Карпош е единствена надлежна институција која издава дозволи за градба, доградба или реновирање, но и спроведува рушење кога станува збор за дивоградба.

Во делот каде се наоѓа зградата дивоградба на Шилегов во сила е ДУП кој дозволува градба во висина од 7.5 метри, односно приземје, кат и поткровје. Шилегов кренал уште два ката над тоа.

Општина Карпош и градоначалникот во заминување, Стефан Богоев треба да постапат според закон и да ја срушат дивоградбата. Во спротива се е прикривање на Шилегов.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ