Бизнис
27. July 2021 - 20:52

ВМРО-ДПМНЕ бара парите на граѓаните во општините да се трошат за нивни проекти

Мој данок за мојот проект во мојата општина. ВМРО- ДПМНЕ со предлог парите на граѓаните кои ги давата за данок на имот, да се потрошат онаму каде што тие сметаат дека е потребно- дали тоа ќе биде за паркови ,училишта или пак други проекти во општината каде што живеат. На ваков начин велат од партијата сите ќе знаат каде одат нивните пари за разлика од сега, а општинските  функционери нема да може да се расфрлаат со народни пари по скапи ручеци, партиски вработувања или за други непродуктивни трошоци.

Дали завршиле за луксузни патувања, скапи ручеци, возила за градоначалниците, партиски вработувања или за други непродуктивни трошоци, додека имаме градови кај што водата не е за пиење, имаме лоша инфраструктура, училишта кои се распаѓаат. Оттука легитимни се прашањата колку училишта можеше да изгради Шилегов со 12 милиони евра од данок на имот во една година? Колку улици можеше да направи Петровска во Битола, колку паркови и игралишта можеше да се направат во Прилеп и колку можеше да се инвестира во комунална инфраструктура во Охрид, или колку метри канализација можеше да се направи во општина Струмица, од парите уплатени од граѓаните како данок на имот во само една година?

Се предвидува проектите да бидат објавени на страната на самата општина. Ќе има и бројчаник кој ќе покажува како ќе се собираат парите за  одредени проекти кои ќе мора  да се реазлираат. 

Според опозициската партија само минатата година според завршната сметка на државата која опфаќа средства уплатени на име данок на имот на пример Градот Скопје собрал 12 милиони евра, Општина Битола 2,3 милиони евра во  Прилеп  1,3 милиони евра, Општина Охрид 3 милиони евра.