Македонија
12. February 2021 - 8:55

ВМРО-ДПМНЕ бара оставки од Заев и Филипче поради доцнењето на вакцините

За побрзо време се смисли вакцина против корона, отколку што Филипче и Заев се способни да набават, овие луѓе срам немаат, затоа оставки!

Побрзо се дојде до формулата за вакцина отколку што Заев и Филипче се способни да набават вакцина против корона.

Одложувањето на првата долгоочекувана пратка вакцини од Србија е уште еден во низата докази за неспособноста на Заев и Филипче.

Прво рекоа, Грција ќе прати вакцини за Македонија. Потоа Филипче замина за Бугарија и рече Бугарија ќе даде вакцини за Македонија.

А рекоа ќе има вакцини од КОВАКС механизмот, директно ќе преговараат со производителите на вакцините.

Фактот е еден, ситуацијата многу јасна – во Македонија нема ниту една вакцина, а средина на февруари е.

Додека сите трчаа по договори за вакцини, Филипче и Заев се возеа на КОВАКС, се возеа на тоа дека нив некој ќе им даде вакцини!

Што мислеа ќе им паднат од небо вакцини?!

Ваква брука не е видена!

Ваква неспособна екипа не е видена!

Заев и Филипче немаат срам!

Наместо да шират лаги и да се правдаат со глупави соопштенија треба да седнат и да си ги потпишат оставките!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ