Македонија
9. March 2020 - 21:47

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка на Филипче и итни пакет мерки за справување со состојбата со корона вирусот

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ вонредно заседаваше поради алармантноста на состојбата со ескалирањето на состојбата со корона вирусот.

Се констатираше дека постојат пропусти во постапувањето на државните органи во справување со вирусот, како и доцна реакција на надлежните во врска со корона вирусот што резултира со вклучување на црвен аларм.

Се доведува во прашање ефикасноста на проверката на потенцијално заболени од корона вирус при влез во државата. Владата и министерството затајуваат во справувањето со вирусот.

Ситуацијата е загрижувачка дополнително, бидејќи дел од медицинскиот персонал е веќе во изолација по денешниот случај со доктор Нина Цаца Биљановска, директор на Клиниката за дерматологија која е носител на вирусот.

Оттука Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ со предлози до Владата:

1.Распуст за децата од предучилишна и училишна возраст,

2.Строго евидентирање на сите лица кои влегуваат во државава од кризни зони со корона вирус,

3. Контрола и ограничување на прегледите и интервенциите кои не се со итност со цел да се растерети терциерното здравство и да биде подготвено да одговори на ситуацијата како и да се заштитат пациентите и медицинските лица,

4. Надлежните институции, Центар за управување со кризи, Државен здравствен санитарен инспекторат, Комисијата за заразни болести да ги спроведуваат доследно своите надлежности и јавно да претстават акциски планови за делување.

Потребна е одговорност на министерот Венко Филипче и поднесување на оставка како морален чин во потфрлањето на справување со вирусот.

За справување со корона вирусот неопходен мултидисциплинарен пристап, национална свесност и интегритет.

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ ги става на располагање сите свои капацитети за справување со оваа ситуација

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ