Македонија
18. September 2020 - 12:48

ВМРО-ДПМНЕ бара надзорна расправа за поскапувањето на електричната енергија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара надзорна расправа во Собраниската комисија за финансирање и буџет за поскапувањето на електричната енергија барањето веќе е поднесено во парламентот. 

Од партијата велат дека со надзорната расправа ќе се покаже дека Регулаторната комисија поскапувањето на струјата го направила поради незаконски и нерационални трошења на енергетските компании каде што имало незаконски тендери и партиски вработувања. 

- Се ова може да се докаже преку надзорната расправа заклучокот би бил дека РЕК работи партиски и треба да биде разрешена, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Катерина Нешкова