Македонија
13. May 2018 - 16:13

ВМРО-ДПМНЕ бара итна лидерска средба за името, преговорите во финале

ВМРО ДПМНЕ бара итна лидерска средба во текот на утрешниот ден, на која освен премиерот Зоран Заев и министрерот за надворешни работи Димитров, би учествувал и претседателот Ѓорѓе Иванов. Од опозициската партија очекуваат  да им бидат соопштени деталите и насоките по кои се движат разговорите за името, за да може јавноста да биде информирана но и партиите да заземат став по однос на ново настанатата ситуација.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Христијан Мицковски ја прекинува својата работна посета на Република Италија и средбите кои што ги имаше со македонската дијаспора и веќе е на пат за Македонија. Потребни се одлуки., Зоран Заев иако е примиер, тој го нема монополот во името на целата држава, власта и опозицијата, политички определените или неопределените да одлучува за ова најважно прашање, а евентуалниот договорор, да биде ставање на целата држава пред свршен чин. 

По вчерашната последна рунда преговори меѓу Димитров и Коѕијас, медијаторот Метју Нимиц информираше дека се одвивале интензивни преговори, кои резултирале со позитивни работи. Најави средба меѓу премиерите на двете земји, Заев и Ципрас, која ќе се случи на Самитот на ЕУ за Западен Балкан, што на 17 мај ќе се одржи во Софија.   

Инаку грчките медиуми во своите коментари најавија дека средбата Заев – Ципрас во Софија ќе претставува нов прозорец за решение.

Грчката национална телевизија ЕРТ објави дека шестчасовнион сериозен состанок меѓу Коѕијас и Димитров, резултирал со поклопување на позициите на двете земји и го отворил патот за средба на двајцата премиери.

Та Неа пишува дека палката за решавање на името веќе е во рацете на премиерите на Грција и ПЈРМ. Разликата и понатаму е за ерга омнес.