ВМРО-БНД: Не дозволуваме македонистички настани во Софија
Поддржувачи и симпатизери на ВМРО-БНД и други граѓански организации не дозволија да се одржи предавањето на новоформираниот Клуб за бугарско-македонско пријателство (КБМП), за кој велат дека е македонистички настан, јавува БГНЕС.
Предавањето требаше да се одржи во Централниот воен клуб. Како говорници беа најавени поранешниот премиер на РСМ Љубчо Георгиевски и доц.д-р Стефан Дечев, кои се основачи на КБМП.
Поддржувачите на ВМРО, меѓу кои и многу од најистакнатите личности на партијата, мирно седеа чекајќи да започне предавањето, кое беше закажано за 17 часот. Еден од организаторите излезе на говорницата и најави дека истото нема да се одржи. По 15-тина минути сите излегоа на влезот каде што имаше размена на реплики меѓу Ангел ЏамбаСки и Дечев.
Европратеникот Ангел Џамбазки не успеа да добие смислен одговор од Дечев, кој е визитинг професор во скопски институт, зошто предавањето не се одржа и дали има нешто што организаторите сакале да сокријат од бугарското општество бидејќи не сакале да го објават тоа јавно, иако настанот е прогласен за таков.
Во истото време, Дечев рече дека ја постигнале целта бидејќи Љубчо Георгиевски дал пет интервјуа.
Џамбаски праша дали Дечев знае дека во РСМ сè уште се прогонуваат македонски државјани со бугарски идентитет и дали смета дека тоа е нормална европска практика, бидејќи РСМ продолжува да ги крши копенхашките критериуми, на што исто така не доби одговор.
Од самиот Централен воен клуб исто така одбија да ги пуштат организаторите на предавањето. Откако настанот на КБМП не успеа, групата предводена од Дечев и Љубчо Георгиевски и Мартин Заимов, се пресели во близина на градинката „Кристал“, но и покрај тоа предавањето не се одржа.
Ново на Сител
-
31 лице и 5 фирми ќе одговараат за криминали во ЕСМ
-
ФФМ призна дека ФК Силекс е елиминиран од судиите
-
ИЈЗ: Годинава има најмногу болни од грип – наредниот период се очекува намалување на активноста на вирусот
-
Тутунарите незадоволни од понудените цени за новата реколта, бараат 510, добија само 420 денари
-
Стармер кај Трамп на разговори за војната во Украина
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит