Фудбал
22. March 2017 - 13:08

Влезници за Суперкупот „Скопје 2017“ дури од јуни

Веќе владее голем интерес за обезбедување влезница за финалето на Суперкупот на УЕФА  што ќе се одигра на 8. август во Скопје. 

Цената на влезниците кои ќе можат да се купат само он-лајн ќе изнесува од 1000-2500 денари. 
Овие цени се далеку поевтини од цените на Суперкупот кој се одигра во Тбилиси Грузија каде цените беа од 50 до 150 евра.