Македонија
28. јуни 2020 - 16:56

Влез во Грција само со пополнет формулар за лоцирање патници, ЕУ утре одлучува за кои земји

Во очекување ЕУ да ја објави листата на држави чии грагани од први јули ке можат слободно да влегуваат во земјите на Унијата, грчките власти ги објавија своите протоколи за влез на патници. Од среда сите оние кои ке патуваат во Грција ке мора најмалку 48 часа пред пристигнување да пополнат формулар за лоцирање патници. Во специјалниот образец што е достапен на сајтот travel.gov.gr ќе треба да се наведат личните податоци, сите детали за престојот, претходните дестинации. По пријавувањето се добива единстевниот баркод кој заедно со попополнетиот формулар, на мобилен или вопечатена верзија, ќе мора да се покаже на граничните премини. Доколку во Грција патувате со кола или автобус, по проверка на овој  код патниците во придружба на безбедносните служби ќе бидат упатени во секторот за скрининг или ќе им биде дозволено да продолжат до крајната дестинација, со инструкции од граничните служби како да се однесуваат во случај да добијат симптоми на респираторна инфекција, при што ке мораат веднаш да се пријават во Центарот за јавно здравство, стои во протоколот.

Оние кои ке бидат упатени на скрининг, ќе треба да останат на наведената крајна адреса во Грција во самоизолација се до пристигнувањето на резултатите од тестирањето, се вели во правилникот на грчките власти.

Според протоколот сите патници кои влегуваат во Грција ќе мора да ги почитуваат мерките за хигиена и заштита, носење маски и одржување дистанца.

Дали ова ке важи за македонските грагани ке се стане појасно утре кога Унијата конечно ке излезе со конечната листа на држави за кои ке ги отвори границите без корона тест и самоизоалција. Последните информации велат дека на списокот на 19 безбедни  држави не се наоѓа Македонија. На последната листа објавена од грчката Влада земјава беше меѓу останатите 29 на кои беше планирано да им биде дозволен влез од 1-ви јули, без рестриктивни мерки. Оваа листа би требало да се ажурира на секои две недели во согласност со тоа како се развива ситуацијата со Ковид-19.