Loading Video...
Свет
16. December 2021 - 16:34

Влез во Грција само со негативен ПЦР тест од недела, Европа со нови мерки за празниците

Од недела во Грција ќе може да се влезе само со негативен ПЦР тест. Мерката важи за сите земји и за сите патници без оглед дали се вакцинриани за Ковид-19 или не и без разлика на кој начин пристигнуваат во Грција. Така ќе биде за време на празничниот период, а целта е како што соопшти портпаролот на грчката влада е да спречи и контролира ширењето на омикрон во земјата. Тестот не треба да е постар од 72 часа пред патувањето. Оваа мерка досега важеше за патниците кои доаѓаа од Велика Британија и од Данска, водечки држави во Европа по бројот на заразени со омикрон. 

Во однос на мерките за патувања, Италија одлучи невакцинрианите лица пристигнати од ЕУ, покрај негативен резултат од тестот да бидат во карантин. Ги продолжи и забраните за патување што ги воведе за 8 јужноафрикански земји.

Шпанија пак наметнува 10 дневен карантин за патниците кои пристигнуваат од девет јужноафрикански држави.

Тест за Ковид е потребен и за влез во Швајцарија, без разлика на вакциналниот статус.

За да спречи ширење на новиот ковид сој, Австрија се одлучи за построг карантински процес за лицата кои имале контаки со заразени. Во 14 дневен карантин одат и вакцинирани и невакцнирани.

И Канада најави засилени котнроли при влез и излез од земјата а премиерот Трудо ги потсетува граѓаните да се воздржат од дружби за време на Божиќните и Новогодишните празници.

Државите воведуваат и други мерки за го намалат ширењето на омикрон - се враќа работа од дома и онлајн настава, носењето маски станува задолжително во затворени простори, а Велика Британија за првпат воведе пасош за вакцинанција, потребен за места каде се собираат многу луѓе.

Слично е и во Шведска, додека во Норвешка не може да се пие алкокол во ресторани и барови. Во игра е и трета засилувачка доза на ковид вакцина, иако се уште нема докази дека таа е ефикасна против омикрон.