Македонија
24. October 2017 - 13:35

Влегол со нож и се заканувал на вработените - ограбени две аптеки во Скопје

- СВР Скопје поднесе кривична пријава  против скопјанецот И.С. (26),  кој во два наврати во годинава со закана со нож од вработени во две аптеки одзел околу 60 илјади денари.

Пријавениот на 6 јуни годинава околу 21:15 часот во аптека на булевар „Борис Трајковски“, со закана со нож, од вработените одзел околу 52.000 денари и побегнал.

На 28 јули, пак, околу 16:40 часот во аптека на ул. „Антон Попов“, со закана со нож, од вработената одзел 15.600 денари и побегнал.