Балкан
13. December 2017 - 8:52

Властите во Грција ги префрлуваат бегалците од островите во континенталниот дел на земјата

Над 300 бегалци веќе се префрлени од Хиос и Лезбос во  континенталниот дел од државата, објавија грчки медиуми.

Дислоцирањето им е во рамки на напорите на грчките власти за олеснување на работата на властите на островите каде има преголем број бегалци.

Значителен дел од нив ќе бидат сместени во три хотели во реонот на Гревена, во западна Грција. Тие се од Сирија, Ирак, Авганистан, Иран, Палестина, Кувајт, Сомалија, Судан и од Гвинеја и вклучени во програмата на меѓународната органзиација за миграција од ОН.

Се очекува денеска други 183 бегалци од островоите Хоис и Лезбос да биде префлени во областа Атика.