Свет
30. January 2017 - 15:57

Властите во Барселона со закон забрануваат нови сместувачки капацитети

Градските власти на Барселона воведоа мораториум за изградба на нови хотели и усвоија закон со кој сакаат да ограничат сметстувачки капацитети за туристи.

Таквите чекори се преземени во рами на настојувања да спречат инвазија од туристи кои го преплавуваат тој град и локалното наслеение „го фрлаат во очај“. Имено само лани тој град со 1,6 милиони жители го посетиле 32 милиони туристи од кои половината од нив поминала само еден ден во градот.

Новиот закон познат како „посебен урбанистички план за туристичко сместување“ им се наметнува на хотелите и туристичките апартмани за ограничување на бројот на кревети, а се воведува мораториум за нови хотели и издавање лиценци за апартмани, наведува Гардијан.

Во Барселона моментно се на располагање 75.000 хотелски кревети и 50.000 кревети во легални туристички апартмани и околу 50.000 во станови кои се изнајмуваат „на црно“.