Македонија
16. February 2020 - 20:00

Власта обезбеди 80 пратеници, усвоени законите за ЈО и за одбрана - тензичен последениот ден во Парламентот

80 пратеници го стиснаа копчето “ЗА”. Долгоочекуваното гласање за Законот за Јавно обвинителство го доби својот епилог. Во напната атмосфера и со повторено гласање, Собранието го донесе Законот кој неформално, е услов за добивање на датум за почеток на преговори со Европската Унија.

Беше донесен од втор пат, откако првично “ЗА” гласаа 74 пратеници. Образложението на собранискиот спикер беше дека на дел од пратениците не им било регистрирано гласањето.

Повторениот обид покажа дека е обезбедено двотретинско мнозинство, а шест пратеници гласаа против.

“Криминалци, криминалци”...

Kоординаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ посочи дека поништувањето на првото гласање е директно кршење на Деловникот и Уставот.

“Пендаровски да не потпишува...”

Во спротивниот табор, пак, позитивна еуфорија. Законот ќе овозможи правна држава, казнување на досегашните криминали и конечно, треба да биде клучен аргумент во добивањето датум за преговори.    

Со 80 гласа „за“ во Собранието беше изгласан и Законот за одбрана. За него не гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не беа во салата.

Тензијата која цел ден ја прати собраниската работа продолжи со кавга меѓу колешките Жаклина Пешевска и Нола Исмајлоска-Старова.

На последниот работен ден, пратениците го донесоа и Законот за Совет за јавни обвинители, но опозицијата и него го оспори, откако според нив, за него треба бадентерово мнозинство.

Од Кабинетот на Џафери, пак, велат дека Законот се носи со обично мнозинство, бидејќи Уставот и Деловникот за неговото носење не предвидуваат посебно гласање.