Македонија
1. August 2018 - 16:23

Власта и опозицијата се скараа за новата автобуска станица во Охрид

Охрид доби нова совремeна автобуска станица а започнаа и градежните работи за изградба на трговски центар.

Станува збор за инвестиција на двата проекти од 7 милиони евра изградени на површина од 18 илјади и 600 метри квадратни. Премиерот Зоран Заев потенцира дека со овие објекти ќе се збогати понудата и посетеноста во градот, додавајќи дека заедно со автопатот Кичево-Охрид ,продолжува изградбата и на патот Кичево -Гостивар а ќе се гради и нов пат Ресен- Охрид .

Новата автобуска станица ќе допринесе за зголемување на бројот на посетителите ,туристичкиот промет и збогатувањето на туристичката понуда.

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ  велат кога отпочнуваше проектот за автобуска станица од СДСМ го напаѓаа и криткуваа а сега промовираат нешто кое не го направиле .

Инаку станува збор за проект кој стартува со изградба во ноември 2016 година.