Балкан
16. March 2017 - 10:38

Власи: Косово ќе беше дел од Србија, ако не му беше укината автономијата

Косовскиот адвокат и поранешен комунистички функционер Азем Власи оцени дека Косово денес ќе беше дел од Србија, доколку поранешниот српски претседател Слободан Милишевиќ не и ја укинеше автономијата на тогашната покраина. 

Власи за весникот „Ало“ изјави дека Милошевиќ „газел по Југославија“, водел неразумна политика и со својата ароганција кон Косово и Албанците предизвикал хаос. 

- Поради Милошевиќ и неговата политика бегаа од Југославија, тој ја погази автономијата на Косово и Албанците повеќе ништо не сакаа, нагласи Власи. 

- Да не го направеше тоа можеби Косово и денес ќе беше во Србија и немаше да дојде до војна. Знаете, да зборувам искрено, ние Албанците некогаш не и припаѓавме на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), секогаш сме били со сила туркани во неа, заклучи Власи.