Македонија
18. August 2017 - 14:19

Владина делегација положи цвеќе на градските гробишта „Бутел“ по повод денот на АРМ

Владина делегација денеска на градските гробишта „Бутел“ положи цвеќе и им оддаде почит на великаните по повод денот на Армијата на Република Македонија.

- Делегацијата во состав Ленче Николовска, советник за земјоделство, шумарство и водостопанство на премиерот Зоран Заев, Драган Јованов советник за екологија и Ивана Јордановска соработничка во Одделението за меѓународни односи при Секторот за комуникации, заедно со делегациите од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, делегација од Министерството за одбрана и делегацијата од Генералштабот на АРМ, положија венци со цвеќе па партизанските гробишта, како и пред вечните домови на претседателите Борис Трајковски и Киро Глигоров и на гробот на генерал Михајло Апостолски, соопшти владината прес-служба.