Свет
28. јуни 2018 - 12:24

Владин авион се сруши на улица во густо населен дел на Мумбаи, има мртви

Авион на индиската влада се сруши во густо населен дел на Мумбаи. Пет луѓе загинаа, јавува британски Индепендент.

Авионот бил на чартер лет и и припаѓал на сојузната влада на Индија. Се срушил во многу густо населен дел од градот, во дистриктот Гаткопар, во близина на една од најпрометните железнички станици. Настрадаа пилотот, тројца патници и едно лице на улица.

Локалните медиуми пренесуваат дека се срушило летало „Кинг ер“ од типот „Ц90“.

На снимките прикажани на локалните телевизии се гледаат запалени делови од авионот на улицата.