Македонија
6. January 2018 - 15:35

Владин авион пренесе срце за трансплантација на 4 годишно девојче

Владиниот авион на Хрватска денес во итен медицински лет пренесе од Виена во Загреб срце наменето за четири годишно девојче, соопштуваат од хрватската влада.

Лекарскиот тим кој со срцето пристигнал во Загреб со возило наменето за потребите на трансплантацијата е пренесен во болницата. Трансплантацијата е во тек.

Со цел возилото побрзо да пристигне до Клиничката болница во Загреб било придружувано од полицајци.