Балкан
26. August 2016 - 8:41

Владејачката ППР во Турција отстрани четворица градоначалници поради врски со Ѓулен

Владејачката Партија за правда и развој во Турција отстрани од функција четворица градоначалници откако ги обвини за врски со движењето на проповедникот Фетулах Ѓулен кого властите го сметаат за одговорен за неуспешниот обид за преврат во минатиот месец.

Според Јасин Актај, заменик претседател на партијата станува збор за градоначалници на градови во четири окрузи за кои се смета дека имаат врски со движењето на Ѓулен, за кое Анкара тврди дека е терористичка организација.

Десетици илјади луѓе во државниот сектор и силите за безбедност беа отстранети од должност или приведени поради врски со неуспешниот пуч на 15 јули во кој беа убиени околу 240 луѓе.