Бизнис
13. September 2017 - 16:27

Владата утре ќе објави план за економски развој

Македонските граѓани ќе го достигнат европскиот стандард на живот за 30 години. Но, за ова да се случи земјава треба да остварува годишни стапки на еконмски раст од 4 проценти, а земјите од ЕУ не повеќе од 2%, покажуваат истражувањата на  Виенскиот институт.

За развој на домашната економија странските компании се добредојдени, но потребна е поголема подршка и на домашнио бизнис, освојување на нови пазари и инвестиции во иновации и технологија, оценува економскиот експерт Глигоров.

Пред бизинис секторот владата вети  дека во идина ќе ја зголеми  подршката за домашното стопанство. Најавија план за  економски развој  кој ќе генерира поквалитетен живот за граѓаните.

Вицепермиерот за економски прашања Ангуѓеш пак го истакна значењето на извозот како еден важен сегмент за развој на економјата во една мала змеја како Македонија.Тој смета дека извозот во вкупниот БДП треба да учествува со повеќе од 50 отсто.

Како главни проблеми со кои  изминативе години се соочува домашната еконојмија беа посочени затвореноста на македонското стопанство  слабиот извоз, како и невработеноста. Посочија дека се потребни и реформи во даночниот систем.