Владата субвенционира изградба на приватни градинки и домови за стари лица
Владата со субвенции од 10.000 и 12.500 евра ќе ја помага изградбата на приватни градинки и домови за стари лица, покрај оние што ги гради од државниот буџет.
Премиерот Никола Груевски денеска при посетата на селата Бардовци и Злокуќани изјави дека ќе се инвестира во дуплирање на капацитетот на пензионерските домови за да им се излезе во пресрет на лицата чии пензии не се доволни за самите да платат престој во приватни старечки домови.
- Затоа даваме и субвенции за градба на приватни градинки и приватни старски домови. Субвенциите се 10.000 евра за градба на градинка и 12.500 евра за градба на старски дом. Овој проект почнува сега и очекуваме со него да се вработат околу сто лица, да се обезбеди капацитет за околу 400 деца во приватни градинки и капацитет за околу 400 лица во домови за постари лица. Граѓаните може да почнат со аплицирање за оваа субвенција, рече Груевски.
Притоа нагласи дека кај пензионерските домови Владата ќе внимава тие што ги гради државата да не бидат конкуренција на приватните домови за стари лица.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица