Македонија
1. August 2017 - 11:02

Владата расправаше за Законот за јазиците

Владата на Република Македонија на 18-та седница ја отвори дебатата за усвојување на Предлог-законот за употреба на јазиците, соопшти денеска владината прес-служба.

- По првичната дискусија утвдено е дека е потребна понатамошна координација со цел да се постигне усогласување за начинот на имплементација на законското решение за употреба на јазиците односно да се доутврдат надлежностите кои би произлегле од законот во однос на двата органи кои ќе треба да се оформат: Агенцијата за примена на јазиците, како и Инспекторатот за употреба на јазици. Предлог Законот за употреба на јазиците по утврдување на наведеното ќе биде ставен повторно на дневен ред на некоја од наредните владини седници, се наведува во соопштението од Владата.