-->
-->
Владата предлага ДИК да се избира со 61 пратеник
-->
Владата во собраниска процедура ги пушти измените на Изборниот законик, со кои предлага Државната изборна комисија да се бира со 61 пратеник, наместо со двотретинско мнозинство.Претседателот на Собранието Талат Џафери, предлог-законот по скратена постапка со европско знаменце го стави на дневен ред на денешната 53. пленарна седница.
Во Предлог-законот кој е достапен на веб-страницата на македонското Собрание се наведува дека целта на измените е да се разреши проблемот што се појави со блокирање на процесот на избор на ДИК.
Владата како предлагач, во образложението посочува дека двотретинското мнозинство за избор на членови во Државната изборна комисија според Изборниот законик, и покрај добрата намера при неговото креирање, не смее да се претвори во своја спротивност, овозможувајќи и на парламентарната опозиција целосно да го блокира процесот на донесување на одлуки, поточно изборот на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
