Бизнис
12. October 2021 - 16:42

Владата потврди дека ќе има енергетска криза, ќе има ли и помош за граѓаните?

Никој не знае што ќе се случува со цената на струјата по Нова Година. Премиерот Заев алармираше дека земјава ќе се соочи со енерегетска криза. Но, државата сеуште нема план какви интервентни мерки ќе се превземат. Во игра се повеќе опции, можни се и субвенции за компаниите и граѓаните. Заев уверува дека пари има, а ако биде потребо ќе се направи и ребаланс на буџетот.

Според првиот човек на РКЕ Бислимовски каква цена ќе има по Нова Година појасна слика ќе има во декември.

Во меѓувреме цената на струјата на светските берзи руши рекорди, достигна до 181 евро за мегават час. За да се ублажат последиците од растот кој во моментов најмногу го чуствува стопанството, државата одлучи да купи над 1 милион тони јаглен. Експертите веќе алармираа дека во најскоро време стабилизација нема да има, а цената се очекува да расте до средината на следната година.