Македонија
24. December 2018 - 16:51

Владата подготвува стратегија „Едно општество за сите“

Образование, млади, право, локална самоуправата – овие се областите во кои граѓанските организации во соработка со владата ќе работат на унапредување на толеранцијата и намалување на разликите меѓу етничките групи. Заедничките предлози ќе се најдат во национална стратегија за развој на концепт за едно општество и интер-културализам.

Досегашните анализи на граѓанските здруженија покажале дека постои говор на омраза кон различните култури, се манифестирал расизам, постоела нетрпеливост кај навивачките групи. Заради ова во кривичниот законик се воведува и казна за кривични дела од омраза.

Изработката на националната стратегија за развој на концептот за едно општество треба да заврши до почетокот на март